Домашните компании од областа на иновациите од утре ќе можат да аплицираат за финансиска помош со кофинансирање преку првата програма на Фондот за иновации и технолошки развој за која се одвоени 600.000 евра. За планираните четири инструменти за годинава од Фондот се предвидени 2,28 евра, а генерално, за функционирање на Фондот 10 милиони евра, рече на денешната прес-конференција вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски. Со првиот инструмент се предвидени кофинансирани грантови за 20-ина проекти на старт-ап и спин-оф компании. Со останатите инструменти ќе се доделуваат кофинансирани грантови за трансфер на технологии, за комерцијализација на иновации, како и техничка помош преку деловно-технолошки акцелератори.
Домашните компании од областа на иновациите од утре ќе можат да аплицираат за финансиска помош со кофинансирање преку првата програма на Фондот за иновации и технолошки развој за која се одвоени 600.000 евра.
"За планираните четири инструменти за годинава од Фондот се предвидени 2,28 евра, а генерално, за функционирање на Фондот 10 милиони евра", рече на денешната прес-конференција вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски.
Со првиот инструмент се предвидени кофинансирани грантови за 20-ина проекти на старт-ап и спин-оф компании. Со останатите инструменти ќе се доделуваат кофинансирани грантови за трансфер на технологии, за комерцијализација на иновации, како и техничка помош преку деловно-технолошки акцелератори.
Владата очекува проектите и финансиската помош преку Фондот за иновации да придонесат за отворање повеќе нови работни места и компании базирани на знаење и технологии со повисок извозен потенцијал.
Директорката на Фондот за иновации Јасмина Поповска информира дека старт-ап и спин-оф компаниите што ќе се пријават на утрешниот повик ќе може да добијат најмногу до 30.000 евра. Фондот ќе финансира 85 проценти од вкупните трошоци на проектите. "Ги охрабруваме сите микро, мали и средни претпријатија, новоосновани претпријатија кои постојат најмногу 6 години, спин-оф претпријатија кои се во доминантна сопственост домашни компании на македонски граѓани да аплицираат за поддршка од Фондот и да ги реализираат своите иновативни проекти", рече Поповска.